Романци ќе купуваат мед од Куманово

27.06.2013 07:40 | KumanovoNews

 Романска фирма сака да купи 20 тони мед од Македонија.

Романци ќе купуваат мед од Куманово

Во преговорите за обезбедување на потребните количини на мед се вклучени пчеларите од Здружението “Пчела“ од Куманово.

Оваа соработка ја договоривме при последната посета на Романија кога бевме во посета на фабрика за преработка на мед. Куманово не може да испорача толкава количина бидејќи оваа година не е медоносна. Романците бараат исклучиво шумски мед, црн мед кој овде потрошувачите не го сакаат бидејќи не ги знаат неговите карактеристики. Овој мед е богат со минерали и затоа е повеќе баран.  - вели Бранко Тасевски, претседател на “Пчела„.

Кумановските пчелари ќе одржат состанок со фирма од Романија со претставништво во Битола за да ги обезбедат потребните количини мед.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk