Романовце да се приклучи на градската водоводна мрежа, бараат жителите

19.12.2022 15:26 | Сузана Николиќ

 Жителите на Романовце бараат Општина Куманово селскиот водовод да го приклучи на градската водоводна мрежа. Тие преку месната заедница поднеле барање до Советот на Општина Куманово и предлогот утре ќе се најде пред советниците.

Романовце да се приклучи на градската водоводна мрежа, бараат жителите

Во образложението се наведува дека во селото постои систем за водоснабдување кој е изграден по европски стандарди и по проект кој е ревидиран и функционира без проблеми, па со превземањето на управување од ЈП „Водовод“ придобивки ќе имаат и двете страни. 

„Романовце е одалечено од Филтер станицата само 2 километра, со една мала интервенција ќе се дојде до решение без реконструкција на постоечката мрежа во селото. Бараме ургентно да се постави на дневен ред проблемот за снабдување со вода за пиење и бараме решениета да биде трајно за жителите на селото“, стои во барањето упатено до Општината.

Доколку Општината не го реши проблемот жителите најавуваа протести и граѓанска непослушност.

Во селото Романовце живеат 3300 жители и е едно од најголемите села во кумановско. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk