Романски професори ќе држат предавања на пчелари во Куманово

10.06.2013 07:47 | KumanovoNews

 Претседателот на Здружение на пчелари “Пчела“, Бранко Тасевски пред неколку дена се врати од посета на неколку романски градови каде посети пчеларници и воспостави контакти за соработка со тамошните одгледувачи на пчели.

Романски професори ќе држат предавања на пчелари во Куманово

При тоа  договорил романски еминентни професори да го посетат Куманово и да оддржат предавања за одгледување на пчели.

Бев неколку дена во повеќе градови меѓу кои и во Букурешт. Тие користат посебна течна храна за пчели, која не содржи шеќер. Знаеме дека шеќерот е штетен, а нивната течна храна содржи благородни шеќери како гликоза, фруктоза. Ќе настојуваме таа храна да почне да се употребува и кај нас - изјави Тасевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk