Романскиот амбасадор во посета на Куманово

05.12.2016 13:48 | KumanovoNews

Во посета на Општина Куманово денеска престојуваше амбасадор на Романија во Македонија, Виорел Станила кој пред еден месец стапи на должноста.

Романскиот амбасадор во посета на Куманово

„Средбата имаше за цел да се запознае со спецификите и работата на локалната самоуправа, децентрализација и демократијата она што е од интерес на сите од меѓународната заедница. Куманово го има еднинствениот почесен конзул и тоа токму од Романија и затоа една од првите посети на амбасадорот е во Куманово,“-изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Амбасадорот ја искористи посетата на Куманово и да го посети конзулатот и да се запознае со најзначајните културно-историски споменици во општината.

„Обврска на секој амбасадор е да ја запознае државата во која доаѓа и почесниот конзул кој е назначен од Република Романија. Куманово има одлична соработка со досегашните амбасадори и со збратимените градови во Романија, - рече амбасадорот.

Почесен конзулот на Романија во Куманово, Алириза Османи.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk