Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ромите треба да се образуваат, да добијат повеќе работни места, социјална и здравствена заштита, беше заклучено денеска на трибината организирана од СДСМ Куманово, по повод Светскиот ден на Ромите.
На трибината присуствуваа кандидатите за пратеници во втората изборна единица, генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски и градоначалникот Зоран Дамјановси. Тие ги повикаа Ромите да излезат на избори и да ја дадат довербата на нивната коалиција заради остварувањето на поголеми права.
Ова е ваш ден, голем ден, светски ден. Сакам да кажам што е маркетинг, а што е фактичката состојба. Под водство на СДСМ е склучена спогодбата за Декадата на Ромите. Од Декада на Ромите се претвори во декада на дискриминација. Со територијалната организација суштината беше да се сочува Општина Шуто Оризари автентична за ромската заедница, но таа се претвори во бизнис на еден човек. Излезете на избори против такви политики - рече Шилегов.
Имаме концепт на осиромашување и поделби со паролата “Раздели, па владеј“. Имаме стари транзициони кадри кои ги предводи Гордана Јанкуловска која ја има издадено наредбата на граница да не смеат Ромите да поминат, а вториот концепт на Петре Шилегов е модел на интеграција - изјави Спасовски.
Градоначалникот Зоран Дамјановски е категоричен дека не е доволно направено во рамки на Декадата на Ромите, иако од ОБСЕ било посочено дека Куманово како град имал добри резултати. Тој смета дека еден турнир или фестивал не се доволни за да се каже дека Ромите уживаат некакви права.
На трибината беше кажано дека во светот има над 10 милиони Роми, но многу од нив не се изјаснуваат како такви за да не бидат дискриминирани. Тие се сомневаат во бројките од последниот попис кои покажуваат дека во земјава има околу 55.000 Роми и сметаат дека реално бројката е поголема.
На платото пред Центарот за култура се оддржа ромски хепенинг организиран од здружението “Рушит Шакир“ и поддржан од локалната самоуправа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk