Ромите добиле 0,006 отсто за култура, тврди Елезовски

27.02.2018 09:54 | KumanovoNews

Ромската етничка заедница добила само 0,006 отсто од вкупниот буџет на Министерството за култура за реализација на проекти за оваа година.

Ромите добиле 0,006 отсто за култура, тврди Елезовски

Претседателот на Националниот Ромски Центар, Ашмет Елезовски, вели дека тоа претставува невиден скандал, бидејќи парите не се рамномерно распоредени, а од одобрените 2.500 проекти за половина не се знае кој и зошто ги добил и како ќе ги реализира.  

„За еден детски фестивал за Ромите одобрени се само 30.000 денари, а постојано се тврди дека децата се нашата иднина, а за други небитни работи се даваат над 300.000 денари, што создава револт. Дури има такви проекти што не соодвествуваат со реалноста. Ние Ромите добивме подршка од само 0,006 отсто. Затоа младите луѓе ни заминуваат од државата“- истакна Елезовски.

Тој е незадоволен што Министерството не дало подршка за одбележување на делото на Есма Реџепова, а револтиран од недоволната поддршка на институциите за решавање на секојдневните проблеми на ромската заедница.

„Не знам од која причина ромските политичари и интелектуалци молчат или ги нема, времето ќе покаже зошто е тоа така“,- рече Елезовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk