Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советникот во Советот на општина Куманово, Ашмет Османовски од коалицијата “За подобра Македонија”, обвини дека ЈП „Чистота и зеленило“ продава гробни места на парцела која е во приватна сопственост.
Советникот тврди дека катастарска парцела број 3407, која пред 20 години ја купиле од Верскиот одбор на Роми од Куманово, за муслимански ромски гробишта, сега ја стопанисува јавното претпријатие без ничие одобрение.
„Пред една година баравме објаснување од јавното претпријатие за нивната очигледна узурпација на приватна сопственост, но не добивме одговор. Како може јавно претпријатите да користи приватно земјиште и од тоа да остварува приходи? До кога директорот ќе го крши законот и така дрско и неодговорно ќе работи на штета на сопственикот на ова земјиште Верскиот одбор на Роми? Зошто градоначалникот кој е запознаен со проблемот веќе подолг период го игнорира и не презема ништо за прекин на овој криминал на јавното претпријатите„, - праша советникот Османовски на денешната прес-конференција.
Османовски за земјиштето поседува имотен листа, а вчера побара на седница на општинскиот Совет да биде разгледан овој проблем, но предлогот не беше прифатен.
Директорот на ЈП „Чистота и зеленило„, вели дека покрај муслинаските гробишта има повеќе ниви од кои дел се купени од општината и претпријатието, и најави дека ќе проверат во чија сопственост се наоѓа спорната парцела.
„Овие обвинувања се тенденциозни, бидејќи до сега никој писмено не се обратил до јавното претпријатие за решавање на овој проблем. Ние сакаме да се утврди фактичката состојба, бидејќи ако се работи за парцела на Одборот на Роми, која ја користи јавното претпријатие, треба со одлука или договор да ни се предаде. Бидејќи земјиштето е определено за таа намена, по Законот за гробишта никој друг неможе да ја врши таа услуга и да врши ископ на гробови. Ние немаме законска обврска да ослободиме некого за плаќање на услугата, - изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Сашо Петрушевски.
Тој ги повика претставниците на Одборот на Ромите да дојдат во претпријатието и да најдат решение на проблемот, бидејќи дел од Ромите барале да се погребуваат на таа парцела.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk