Ромски младински центар ја подготви претставата „Логор 545“

15.01.2016 14:05 | KumanovoNews

Ромски младински центар ја подготви претставата „Логор 545“ во режија на актерката Санела Емин.

Ромски младински центар ја подготви претставата „Логор 545“

Претставата ќе ги прикаже страдањата на Ромите за време на Втората светска војна и извршениот геноцид, кога повеќе од 500 000 Роми беа убиени. Јавноста ќе дознае нешто повеќе за тешките страдања на нашите Роми и масовните убиства за време на нацистичкиот период.

„Логор 545“ во понеделник ќе игра во Драмски театар  во Скопје, а понатаму најверојатно ќе биде прикажана и во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk