Ромскиот јазик изборен предмет во „11 Октомври„?

28.09.2013 07:07 | KumanovoNews

 Советникот Ашмет Османовски на последната седница на Советот побара ромскиот јазик да биде изборен предмет во ОУ “11 Октомври“ каде учат повеќето деца од ромска националност.

Ромскиот јазик изборен предмет во „11 Октомври„?

Советникот тврди дека родителите се заинтерсирани децата да го изучуваат мајчиниот јазик, но смета дека немаат доволно информации како да го остварат тоа право.

 Волјата за изучување ромскиот јазик е на самите родители. Јас сум постојано на терен и затоа знам. Дали на 1 септември вие им објаснивте на Ромчињата да кажат на родителите? - ја праша Османовски, директорката на 11 Октомври, Мерилин Стојчевска.

Директорката одговори дека изборниот предмет е понуден на родителите, но немало повратна информација и интерес, па затоа не е воведено изучување на ромскиот јазик.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk