Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на Ротаракт клуб Куманово денеска во супер маркетот Тинекс, собираа донации за народна кујна.
Акцијата „Новогодишна кошница“ ја прават за да им ги разубават празниците на граѓаните кои се хранат во народна кујна, а во иднина акцијата ќе биде традиционална. Кумановци ја покажаа својата хуманост и донираа намирници за народната кујна.
Се работи за акција за собирање на храна во хуманитарни цели, за потребите на народна кујна. Нашите членови ја промовираат акцијата на купувачите кои храната ја плаќаат и ја донираат во корпите во холот на маркетот Тинекс во Куманово. Благодарност до сите хумани луѓе кои се одзваа на оваа акција. Многу сме задоволни од одзивот, кумановци покажаа дека се многу хумани, за што ми е многу мило - рече Александар Ташковски, член на Ротаракт клуб Куманово.
Ротаракт клуб Куманово е релативно нов, постои една година и брои 16 члена. Нивна мисија е да им помагаат на луѓето на кои им е потребно.
Ние претставуваме една група од заедница која се нарекува Ротари интернешнл, едно големо семејство и оваа акција ни е последна за оваа календарска година. Во иднина планираме многу акции, Велигденската акција ќе стане традиционална, планираме уште една таква акција. Целта на ротаријанството е да се подигне свеста на луѓето во општеството. Да се помогне дали се тоа самохрани мајки со деца, чистење на животната средина итн - изјави Моника Довенска, чартер претседател на Ротаракт клуб Куманово.
Во клубот членуваат луѓе од различни професии кои имаат желба и сакаат да помагаат. Ваква акција во Куманово се прави за прв пат, а во Скопје има традиција од десет години.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk