Ротари клуб донираше средства за дезинфекција и визири во Кумановската болница

07.05.2020 09:31 | KumanovoNews

Ротари клуб од Куманово и Ротари клуб „Камен мост“ од Скопје, донираа средства за дезинфекција и визири за здравствените работници во Општата болница Куманово.

Ротари клуб донираше средства за дезинфекција и визири во Кумановската болница

- Сите донации ни послужија за подобро справување со кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19. На почетокот беше тешко да се набави заштитна опрема, поради што донациите многу ни помогнаа. Меѓутоа опремата се троши во многу поголеми количини од вообичаеното и ова е за нас од голема помош. Голема благодарностдо нашите пријатели од Ротари клуб, кои секогаш биле на нашата листа на донатори и ни помагаат кога е најпотребно, - изјави Снежана Захариева, директорка на Општа болница Куманово.  

Таа додава дека во моментот во болницата има доволни количини на заштитна опрема, дури и резерва во случај на втор бран на вирусот кој се најавува од есен.

 - И покрај тоа што крајот на кризата е очигледен, сепак нашите резерви мора да останат пополнети за евентуален нов бран, - додава Захариева.

Оваа не е прва донација од Ротари клубот, преку нивниот подмладок минатата недела донирале заштитни скафандери.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk