“Ротари“ одржа хуманитарен турнир во пинг-понг

01.12.2014 12:01 | KumanovoNews

Во спортската сала на основното училиште “Кочо Рацин“, викендов се одржа хуманитарен турнир во пинг - понг, организиран од „Ротари“ клуб Куманово.

“Ротари“ одржа хуманитарен турнир во пинг-понг

Прво место освои екипата “Де Лукс“, втора беше екипата на Тони Довенски и трето место екипата на Тони Величковски.

“Имаше вкупно 16 учесници од Куманово, Скопје и Прилеп. Парите собрани од котизација ќе одат во хуманитарни цели. За прв пат правиме ваков хуманитарен турнир, помина во многу убава атмосфера и секако ќе биде традиционален. Натпреварувачите велат да биде тоа на секои три месеци, но ние ќе се трудиме барем два до три пати во годината да организираме хуманитарен турнир“ - вели Бранко Зафировски, претседател на “Ротари“.

На настанот присуствуваше градоначалникот, Зоран Дамјановски и гувернерот на Народна банка, Димитар Богов.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk