Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новогодишната еуфорија веќе силно се чувствува. Најлудата и највеселата ноќ е пред нас. Сите имаат свои планови, идеи и желби.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им посакува на сите граѓани, добра забава, весело расположение и добар помин, но истовремено потсетува дека во вакви услови важно е да се задржи здравиот разум и одговорното однесување.
„Фактот што се прославува, односно фактот што се дочекува новата година, не ви дава за право да возете под дејство на алкохол, да бидете агресивни во сообраќајот и да не ги почитувате сообраќајните правила и прописи. Напротив, во вакви услови треба да бидете двојно повнимателни и двојно поодговорни во сообраќајот“, велат од РСБСП.
Ризикот за учество на неодговорни учесници во сообраќајот, велат од РСБСП дека за време на прославата на новогодишната ноќ е поголем од вообичаено. Временските услови, поточно ниските температури во доцните вечерни и раните утрински часови ја зголемуваат веројатноста за појава на голомразица на патиштата, а со тоа дополнително се отежнува безбедното одвивање на сообраќајот на патиштата.
Токму затоа РСБСП ги упатува следниве совети:
За време на новогодишните празници не го користи својот автомобил ако навистина немаш потреба;
Ако пиеш не вози, ако возиш немој да пиеш! Алкохолот и „воланот“ никогаш не одат заедно!
Брзината изнудува грешки! Уживај во празниците, уживај во возењето. Почитувај ги правилата за ограничување на брзината;
Празниците се време за уживање. Помини ги во кругот на семејството, уживај во друштво со најблиските. Не дозволувај една грешка, еден непромислен чекор во сообраќајот, веселите празнични денови да ги претвори во нечија семејна трагедија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk