Рубриката „Понашки“ инспирација за театарска комедија

08.03.2011 14:28 | KumanovoNews

Во Народниот Театар Куманово синоќа премиерно беше изведена комедијата “Human Choice” (Човеков избор), од волонтерите на општинската организација на Црвениот Крст Куманово.

Рубриката „Понашки“ инспирација за театарска комедија

Текстот го напишала група средношколци и студенти, инспирирани од секојдневието на кумановци. Делот околу печалбарите во Авганистан и нивните нови навики се искористени од Kumanovonews.

Идејата за создавање на вашата претстава е да се отворат очите на кумановци. Претставата е направена од повеќе делови, а во неколку како инспирација се искористени текстови од Вашиот сајт, бидејки и вие сакате да ги отворите очите на народот. Задоволен сум од посетата и тоа како помина претставата. Единствено сум изненаден што за една комедија, публиката ја сфати посериозно претставата - изјави режисерот Александар Стефановски.

Сцената и костимите се дело на самите актери, а играат актери- аматери, студенти и ученци.

Сите приходи од претставата одат во хуманитарни цели за помош на две семејства во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk