“Руле Турс“ го купи “Југ - турист“

15.11.2013 15:08 | KumanovoNews

Компанија за превоз на патници “Руле Турс“ од Скопје,  го купила автотранспортното претпријатие “Југ турист“ и Автобуската станица во Куманово.

“Руле Турс“ го купи “Југ - турист“

Од “Руле Турс“ за Kumanovonews потврдија дека наскоро ја преземаат Автобуската станица во Куманово, по што ќе следи целосна реорганизација во работењето.

Неофицијални извори од “Југ - турист“ кажуваат дека новиот газда ќе треба да ги задржи сите 47 вработени, да ја осовремени и модернизира Автобуската станица, да го обнови возниот парк, да ги задржи старите и да воведе нови автобуски линии.

“Југ - турист“ беше едно од водечките автотранспортни претпријатија во поранешна Југославија, но поради загубите во работењето отиде во стечај. Откако е завршила стечајната постапка, фирмата е продадена на нов сопственик.

Кумановци очекуваат дека сегашната Автобуска станица, која е грда слика во центарот на градот наскоро ќе стане минато.

Компанијата Руле-турс стопанисува и со Автобуската станица во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk