„Руле турс“ останува во Автобуската станица Скопје

30.03.2015 11:33 | KumanovoNews

Компанијата „Руле турс“ во наредните 15 години ќе продолжи да стопанисува со Автобуска станица Скопје, за што ќе плати повеќе од 4 милиони евра.

„Руле турс“ останува во Автобуската станица Скопје

На јавното наддавање за давање под закуп на Автобуската станица Скопје,  постигната е цена од 213 милиони денари плус ДДВ, сума која ја понуди „Руле турс“. Заинтересирани беа 7  компании од кои 5  ги исполнија условите. До денот на јавното наддавање, од овие пет компании, гарантен депозит што беше услов за учество во усното јавно наддавање доставија 3 компании.

Во јавното наддавање, што се одржа во просториите на Град Скопје, учествуваа компаниите „Вардар експрес“, СИЗ за Патен сообраќај (Македонија сообраќај – АМЕРИТ) Скопје и „Руле Турс“ ДОО Скопје.

 Автобуската станица Куманово е во сопственост на компанијата Руле-Турс, која  врши квалитетен превоз на патници во државата и Европа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk