Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
“Руле Турс“ од утре стартува со сезонската линија Куманово - Охрид на која ќе сообраќа во наредните два месеци.
Билетот во еден правец чини 680 денари, а повратен билет е 930 денари. Се тргнува секој ден од Автобуската станица во Куманово во 6 часот, а враќањето назад е во 15.30 часот.
Линијата е секојдневна вклучувајќи ги и викендите, бидејќи тогаш очекуваме поголема фреквенција кон Охрид. Се трудиме да држиме едно ниво кое што е препознатливо за “Руле Турс“. Значи цената не е воопшто висока, туку е реална согласно трошоците и далечината на дестинацијата. Ние сме препознатливи по квалитетен и безбеден превоз, и мислам дека секој патник кој патува со нас ја знае нашата професионалност. Многу граѓани не знаат дека Автобуската станица работи 24 часа дневно што значи дека билетарата работи три смени и во било кое време од денот и ноќта може да се купат билети - вели Трајче Трајковски од “Руле Турс“.
На патниците им се препорачува два - три дена пред патувањето во Охрид да купат билет, а повратните билети можат да се искористат се до крајот на сезоната.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk