Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Светски познатата и примабалерина на балетскиот театар од Санкт Петербург Ирина Колесникова, денеска ги посети беглаците во транзитниот центар Табановце.
Во изјавата за медиумите,примабалерината од Русија,кажала дека целта на нејзината посета е да ја анимира светската јавноста, преку уметноста, за бегалската криза.
Балерината позната на глобално ниво ќе ја подготви претстава „Се викаше Кармен“ која ќе биде прикажана во лондонскиот Колосеум во август,годинава.Дел од средствата од продажба на влезниците ќе бидат донирани за бегалците.
Посетата на Колесникова во центрите во Табановце и Прешево и средбите со бегалците се организира со поддршка на меѓународната организација Оксфам.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk