Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мерната станица за мерење на загадувањето на амбиенталниот воздух во кругот на Општа болница Куманово, сè уште не е поправена, велат од Министерството за животна средина.
Оттаму информираат дека треба да се распише тендер за набавка на делови.
Чекаме согласност од Министерството за финансии за да распишеме тендер за набавка на делови. Мерната станица не работи две години во Куманово“ - додаваат од Министерството.
Во меѓувреме жителите на Куманово немаат информации каков воздух дишат и дали е загаден.
Малку можеби е загаден воздухот во Куманово. Јас немам проблеми со дишни патишта, а кој има сигурно му пречи загаден воздух. Највеќе воздухот го загадуваат возилата и дрвата за огрев кои се користат во домаќинствата - вели граѓанка.
Состојбата со загадувањето на воздухот е најалармантна во Скопје и Тетово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk