Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во нашата програма е предвидено градење на Саат кула како вистинско обележје на градот, а во неа ќе се смести туристичко биро кое што туристите ќе можат да се обратат и да добијат информација за сите културни и историски знаменитости на градот, најави денеска Теодора Димитровска, кандидатка за градоначалничка од коалицијата на ЛДП и ДОМ „Одлучно за промени – приклучи се“.
„Како значајно за нас младите е отворање на кино. Предвидуваме отворање на кино на отворено кај Спомен-костурницата, со што младите во летните денови, но и сите граѓани ќе можат да отидат таму, рече Димитровска.
Таа кажа дека Куманово е град кој беше познат по насмевката на веселите луѓе и културните настани, па тие планираат да ја вратат културата во градот со ангажирање на улични свирачи, пејачи, пантомима, како и други уметници кои што ќе сакаат градот.
Димитровска кажа дека вчера не била поканета да учествува на телевизиско соочување со другите кандидати за градоначалници, каде што требало да ја претстави политиката и мерките, коишто ги предвиделе во нивната програма за Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk