Сабота работен ден за градинките

12.12.2019 10:43 | KumanovoNews

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата.

Сабота работен ден за градинките

Истовремено, МТСП ги извести градинките дека децата кои имаат потреба од згрижување на ден 14 декември (сабота) 2019 година, дека треба да бидат прифатени во детската градинка и согласно тоа, ги задолжи да направат организацијата за прием и згрижување на децата. Организацијата за прием е во надлежност на управите на детските градинки.

„Градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата. Препорачано е родителите благовремено да бидат известени во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата“, - соопштуваат од  МТСП.

Согласно со одлука на Владата 14 декември 2019 година ќе се одработува за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.

Во сабота јавниот сектор ќе спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk