Саем на автохтони сорти - „Везенка” во недела во селото Пчиња

14.10.2024 13:24 | KumanovoNews

Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Пчиња“ во недела /20 октомври/, го организира првиот Саем на автохтони сорти - „Везенка”. Саемот ќе се одржи пред инфо-центарот во селото Пчиња, каде ќе се претстават малите локални производители со домашни производи.

Саем на автохтони сорти - „Везенка” во недела во селото Пчиња

„Во понудата ќе бидат свежи и преработени производи од нашите стари сорти, но и вкусови што ќе ве вратат назад во детството. Целта ни’ е да ги заштитиме и промовираме старите локални семиња и сорти, коишто полека ја “губат битката“ под напливот на хибридните. Исто така, посетителите ќе имате можност да дегустираат  и да купат месни производи од локалната месара,  органски мед, вина, ракија, сокови, како и домашната зимница, сушена везенка, вкусни готвени јадења, тестенини и семиња. Ги повикувам сите заинтересирани граѓани да не посетат, да уживаат во богатата понуда и одличната забава на отворено“, вели Стојан Стојковски, претседател на здружението „Еко -Пчиња“. 

 Саемот ќе започне во 11 часот, а ќе трае до 15 часот. Обезбеден е паркинг за посетителите.

За време на Саемот, волонтерите од здружението „Да шириме љубов“  ќе се погрижат за нашите најмали посетители со организирано детско катче.

Саемот на автохтони сорти „Везенка“ е финансиран од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а за негова реализација е задолжено Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Пчиња“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk