Саем на книга во Градската библиотека

16.05.2017 08:08 | KumanovoNews

 Во библиотеката „Тане Георгиевски“ – Куманово од денеска до недела ќе се одржи мини Саем за книга во организација на Издавачката куќа „Култура “.

Саем на книга во Градската библиотека

Љубителите на книгата ќе имаат можност да ги видат актуелните изданија на „Култура“ и  можат да ги купат по промотивни цени.

Во рамките на саемот, во просториите на библиотеката „Тане Георгиевски“ вечерва во 19 часот промоција ќе има најчитаниот македонски автор на „Култура “, Милијана Павловска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk