Саем на мед на Градскиот плоштад во Куманово - да се засладиме за Денот на градот

11.11.2022 17:03 | Оливера Пешевска

На Градскиот плоштад во Куманово, денеска и утре  се органзира Саем на мед.  Со тоа Пчеларското здружение „Пчела“ се приклучува на прославувањето по повод 11 Ноември - Денот на градот.

Саем на мед на Градскиот плоштад во Куманово - да се засладиме за Денот на градот

  „По октомвриската манифестација „Денови на мед“ повторно излегуваме пред сограѓаните за да ги презентираме своите производи и да ги направиме  подостапни за заинтересираните. Имаме 15 пчелари, и тоа 13 од Куманово и двајца производители од Р. Србија. Акцентот е ставен на младите одгледувачи, кои се помалку од пет години во овој бизнис“ истакнува Бобан Стошевски, претседател на Здружението „Пчела“.

На саемот кумановчани  имаат можност да се снабдат со мед и пчелни производи за да го зајакнат имунитетот пред сезоната на вируси и грип. Саемот се одржува  од 10 до 18 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk