Саем за вработување во Куманово

05.12.2014 09:41 | KumanovoNews

Саем за вработување во Куманово ќе се одржи на 17 декември, во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

Саем за вработување во Куманово

Настанот ќе започне во 10 часот, а свеченото отварање на саемот ќе биде во 11 часот. Невработените кои активно бараат работа, учениците и студентите ќе можат да го посетат саемот и да се запознаат со мерките за вработување. На саемот ќе бидат присутни работодавачи од општините од североисточниот регион, кои ќе можат да воспостават контакт со луѓето кои бараат работа.

Досега саеми за вработување се одржаа во Скопје, Струмица, Штип, Охрид и други градови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk