Саемот за вработување ќе ги поврзе работодавачите и невработените

16.12.2014 09:02 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре ќе се одржи Саем за вработување, кој има за цел да ги поврзе невработените и работодавачите.

Саемот за вработување ќе ги поврзе работодавачите и невработените

Ваков саем за прв пат се одржува во Куманово, во организација на Агенција за вработување на Македонија. Саемот во 10 часот свечено ќе го отвори директорот на АВРМ, Влатко Поповски. Работодавците ќе ја презентираат својата дејност,  а невработените ќе можат да остават свое сиви. Во 12 часот ќе има Форум на работодавачи, а во 13 часот ќе се одржи Инфо среда со млади невработени лица.

Саеми за вработување досега се одржаа во повеќе градови во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk