Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во клубот на армиски и полициски ветерани денеска се одржува традиционален шаховски турнир во чест на загинувањето на херојот Христијан Тодоровски Карпош.
Во шах се натпреваруваат екипи од Здружението на армиски и полициски ветерани, МВР, АРМ, Црвен Крст и Здружението на пензионери Куманово. По завршување на турнирот најдобрите ќе добијат дипломи и благодарници.
Турнирот секогаш се одржува пред 7 февруари, денот кога е загинат Карпош. Четворомеч е, за победниците се обезбедени благодарници. Секако дека има добри играчи. Тие не се професионалци, меѓутоа има квалитетни тимови. Ова е трета година како го правиме турнирот, а има и возвратни турнири каде ние учествуваме - изјави Киро Соларски, организационен секретар во Здружението на армиски и полициски ветерани.
Карпош загинал на 7 февруари 1944 година во село Билјача, прешевско. На 29 јули следната година е прогласен за народен херој.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk