Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СВР Куманово, по повод 7 мај - Денот на полицијата, организираше шаховски турнир во просториите на Црвениот Крст.
Во шах се натпреваруваа екипи од СВР Куманово, Црвен Крст, Здружение на пензионери, Здружение на армиски и полициски ветерани и АРМ.
- Организираме турнир во шах со повеќе институции кои соработуваат со полицијата. Турнирот е екипен, значи секоја екипа учествува со три плус еден натпреварувач. Ќе бидат доделени дипломи за екипно освоени места и поединечно за 1,2 и 3 место и благодарници за досегашна соработка. Турнирот го правиме првпат, но се планира во иднина тој да биде традиционален - вели Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.
Богдановска додава дека во среда по повод Денот на полицијата неколку групи основци ќе го посетат СВР Куманово со цел да се запознаат со работата на полицијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk