Шахта без капат опасност за минувачите

07.03.2016 10:42 | KumanovoNews

Шахта без капак со месеци стои на улицата „Драги Шутевски„ број 5 во населбата Тоде Мендол.

Шахта без капат опасност за минувачите

 Иако жителите повеќепати се одбраќале до надлежните во ЈП Водовод, никој не дошол да ја затвори дупката. За да не падне некое дете во неа, сопствениците на околните куќи ставиле дрва врз неа.

 „Од шахтата за фекална канализација се шири непријатна миризба, а излегуваат и глувци кои потоа влегуваат во нашите домови. Жално е колку се неодговорни надлежните. Ќе чекаат да се случи некоја несреќа па тогаш ќе стават капак“, - велат револтираните жители.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk