Сајтот на Кумановско - осоговска епархија повеќејазичен

21.11.2014 13:46 | KumanovoNews

Сајтот на Кумановско - осоговската епархија е преведен на албански, англиски и руски јазик.

Сајтот на Кумановско - осоговска епархија повеќејазичен

Од епархијата велат дека целта им е да бидат достапни за верниците, а при тоа јазикот да не биде пречка.

„Бог може да се прославува на било кој јазик. За секоја душа која го бара тоа треба да биде разбирливо. Апостол Павле вели дека ако зборувате и пророкувате на неразбирлив јазик, душата ќе се моли, меѓутоа умот нема да се моли. Во однос на преводот на нашиот сајт на албански јазик, не е ништо со интенција направено. Си има план и програма сајтот да биде достапен на што повеќе јазици, за да црквата биде достапна за што поширока маса. Преведен е на англиски, руски, албански, а ќе биде преведен и на српски“ - кажа Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско - осоговска епархија.

Здравковски вели дека црквата не треба да се поврзува со националност и јазик.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk