Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Интернет страницата на Општината Куманово ретко се ажурира.
На ова се почесто се жалат граѓаните, правните субјекти, но и невладините организации.
„Како пропуст забележавме дека веб страната на општината редовно не се надополнува со сите оние службени гласници, па мора да користиме приватни врски и да одиме во општината да ги бараме, наместо да ги најдеме на страницата. Тоа е посебнио важно за нас, - велат од невладините организации.
„Интернет страницата е место каде треба да се информираме за работата на локалната администрација, градоначалникот и советот, но таму треба да ги најдеме и услугите кои ги врши општината. Бидејќи нема секојдневно поставување на информации ретко го отворам и не сум задоволна,- вели Александра С.
На страницата kumanovo.gov.mk, последната информација е објавена на 9 јуни, за осветување на црквите во селото Горно Којнаре и Пчиња. Веќе 12 дена нема нови активности.
Во општината Куманово функционира одделение за информирање на јавноста и во него се вработени неколку луѓе кои треба редовно да го ажурираат сајтот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk