Сакал да прегази полицајци, завршил во болница

08.04.2016 08:29 | KumanovoNews

Дваесет и двегодишно момче завчера на регионалниот пат Куманово -Свети Николе се обидело да прегази полицајци, кои сакале да го запрат возилото.

Сакал да прегази полицајци, завршил во болница

Полициската патрола околу 2 часот го забележала возилото марка "мазда" кое било без регистерски таблички.

Возачот Љ.Г. (22) од село Раклиш место да застане, тргнал директно кон полицајците со намера да ги прегази. Полициските службеници употребиле огнено оружје и пукале во едно од тркалата на автомобилот. И по ова Љ.Г. не застанал, туку продолжил да се движи со "маздата". На само неколку метри од инцидентот, автомобилот излетал од патот и се превртел. Од ударите, возачот тешко се повредил. Со возило на Итна медицинска помош, Љ.Г. бил префрлен во кумановската болница, но поради сериозност на повредите бил препратен во скопскиот Ургентен центар каде е задржан на лекување. Од МВР информираат дека против него ќе биде поднесена кривична пријава за напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk