Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се обиделе да ограбат кумановец, но кога тој ги забележал и почнал да вика по нив,со пиштол пукале во воздух и побегнале.
Нападот се случил во петокот околу 22.45 часот во Куманово на ул.„413“ во дворот од куќата на З.И.(35), кога влегле две непознати лица, најверојатно за да извршат кражба. З.И. ги забележал и им се обратил со висок тон и тргнал кон нив, при што еден од нив испукал три куршуми од огнено оружје по што избегале преку соседниот двор.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово, при што биле пронајдени и подигнати за вештачење две чаури. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk