Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фризерските и козметичките салони најчесто се отвараат во кумановскиот регион, за сметка на старите занаети кои изумираат.
Во општините во североисточниот регион регистрирани се 283 занаетчии. Од нив 50 се фризери, 23 се козметичари, 15 преработувачи на дрво, 12 чевлари, 8 кројачи , а само тројца ковачи 3 и двајца грнчари.
- Причина за изумирање на овие стари занаети е што младите не се заинтересирани за нивно изучување, бидејќи производите од овие занаети се заменуваат со индустриски производи, кои се можеби понеквалитетни, понездрави, но се поефтини и со помодерен дизајн. Сето ова значи дека општеството треба да се завземе за поширока едукација на младите на ова поле. Со својот однос кон старите занаети треба да врати барем малку од стариот сјај на занаетчиството - вели Весна Симова од Занаетчиска комора на Македонија.
Таа додава дека на овие простори до пред некоја деценија имало 31 шеќерџии, 40 ќурчии, 56 фурнаџии и ред други занаети.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk