Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Гимназијата “Сами Фрашери“ се вклучува во европската програма за мобилност Еразмус плус, и во наредните три години ќе реализираат размени со училишта од неколку европски земји.
Наставници и ученици ќе одат на размени во Франција, Германија, Унгарија, Италија, Шпанија и Шведска, а првата група од денеска престојува во Куманово.
„Во понатамошен тек на проектот ќе бидат вклучени учениците. Во сите држави ќе бидат по два претставници од наставниците и по четири од учениците. Ние ќе ги посетиме сите овие држави, а и тие ќе дојдат во нашиот град, во нашето училиште. Денеска е прва средба, да се запознаат училиштата партнери во проектот, кои струки ги имаат, какви училишта се “ - вели Халил Камбери, секретар во “Сами Фрашери“.
Размените ќе помогнат наставниците и професорите да разменат искуства, да се стекнат со нови знаења и да се запознаат со образовниот процес во европските земји.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk