Само 2 литри дожд наврнаа во кумановско

26.05.2014 08:32 | KumanovoNews

 Невремето кое синоќа го зафати Скопје го одмина Куманово.

Само 2 литри дожд наврнаа во кумановско

Само 2 литри дожд на метар квадратен наврнаа ноќеска во кумановско.

 Се работеше за дождови од локален карактер и ако на едно место има дожд, на растојание од 1 км немаше дождови или беа со друг интензитет. Освен во Скопје каде паднаа 37 литри дожд, во другите градови немаше невреме и поројни дождови кои би предизвикале посериозни последици - велат од Управата за хидрометеоролошки работи Скопје.

Времето денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Локално можна е појава на невреме проследено со врнежи од град. Попладне поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во северозападните, источните и југоисточните предели.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk