Само неодговорна власт може да ги остави училиштата без греење, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

02.02.2017 16:03 | KumanovoNews

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвинија Општина Куманово и градоначалникот Зоран Дамјановски, за нестручно и неодговорно однесување, поради тоа што навремено не набавиле нафта и дозволиле училиштата да останат без греење.

Само неодговорна власт може да ги остави училиштата без греење, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Одговорна општина не смее да дозволи договорот за набавка да истече, а во меѓувреме да не го продолжи со нов и на крај децата на минусни температури да следат настава во незатоплени простории. Градоначалникот не е во општината, а децата и општинарите се препуштени сами на себе. Училишните простории неколку дена не се затоплени, што може повторно да го интензивира ширењето на грипот, - изјави Анета Шандева Доневска на прес-конференција.

Додаде дека денеска се набавени интервентни количини нафта, но срамот и неодговорноста на надлежните останува, а децата ќе мора да ги одработат пропуштените часови. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk