Само со теренски возила до повеќе кумановски села

16.01.2019 09:42 | KumanovoNews

До селата Пезово, Кутлибек, Кокошиње, Градиште, Скачковце, Колитско, Косматац, Мургаш, Довезенце, Јачинце, Бељаковце, Сопот и Табановце, може да се стигне исклучиво со теренски возила, бидејќи локалните патишта се завеани со снег.

Само со теренски возила до повеќе кумановски села

- Горенаведените села не се отсечени, кон нив можат да се движат теренски возила, но со оглед дека се работи за земјени – макадамски патишта се несоодветни за механизацијата со кои располага локалната самоуправа Куманово и за нив е потребна дополнитела тешка градежна механизација багери, булдожери и грејдери, - стои во соопштението на Регионалниот Центар за управување со кризи.

Непрооден е патниот правец  кон с.Кшање, после затворот, поради што жители на селото вчера барале помош од надлежните.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk