Само вакцинирани новинари и тие со прележан ковид ќе можат да следат настани

22.12.2021 20:26 | Сузана Николиќ

Владата на вчерашната седница го дополнила Протоколот за организирање на настани со медиско присуство, со измени кои се однесуваат за следење на настани на отворено и затворено од страна на медиумите и медиумските работници.

Само вакцинирани новинари и тие со прележан ковид ќе можат да следат настани Фото: meta.mk

Измените се однесуваат на следењето на настани од страна на новинарите и медиумските работници.

„Задолжително е поседување на Ковид сертификат за примени две дози на вакцини или потврда за прележан Ковид не постар од 45 дена од денот на прележувањето“, соопшти Владата.

Тој додаде дека промените се направени во согласност со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk