Самостојна изложба на академскиот уметник Александар Симоновиќ Симо

16.12.2022 09:15 | Сузана Николиќ

Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Александар Симоновиќ - Симо. 

Самостојна изложба на академскиот уметник Александар Симоновиќ Симо

Станува збор за 7 по ред самостојна изложба на авторот. Ќе бидат прикажани 16 ликовни дела, нова ликовна продукција работена во актуелната 2022 година под работен наслов „Тестамент“. 

Александар Симоновиќ - Симо е роден во Куманово. Дипломирал 1996 на ФЛУ - насока сликарство со графички дизајн, во Скопје, во класата на професорот Танас Луловски.Член е на ДЛУМ од 1996.

 Имал повеќе самостојни изложби во Куманово и Скопје, како и групни изложби во Куманово, Скопје, Струга, Струмица и Прилеп, учествувал на повеќе ликовни колонии во земјава и странство.

Изложбата „Тестамент“ е дел од програмските активности на Кумановскиот музеј и е финансиски поддржана од Министерството за култура на Македонија. За сите љубители на ликовната уметност изложбата ќе биде поставена до 25 декември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk