Самостојна изложба на Ангел Коруновски во Куманово

22.05.2024 08:08 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија во Куманово, денеска /среда/ со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Ангел Коруновски од Велес. 

Самостојна изложба на Ангел Коруновски во Куманово

Изложбата е насловена „Реинвенција на реалноста“ и опфаќа опус од 30 ликовни дела: слики, скулптури и објекти, кои авторот ги изработил во последните десет години.

Сублимираните дела ги опфаќаат неколкуте етапи-фази во ликовното творење, во кои се отсликува фигуративниот пристап и преминот кон неформалното, односно апстрактно творештво.

Ангел Коруновски е роден во Велес, 1979 година. Завршил факултет за ликовни уметности при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, во Скопје, отсек скулптура, насока конзервација и реставрација и постдипломски студии на истиот универзитет. До сега реализирал повеќе самостојни изложби во нашата земја, Црна Гора и Германија, зел учество во групни изложби и интернационални ликовни колонии. Добитник е на повеќе награди и признанија.  

Изложбата за љубителите на уметноста ќе биде отворена до крајот мај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk