Самостојна изложба на Далибор Крстевски

24.12.2015 09:47 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија утревечер во 19.30 часот, ќе се одржи самостојна изложба на Далибор Крстевски.

Самостојна изложба на Далибор Крстевски

Изложбата е со наслов „Нишки на елегантноста 2“.  На својата прва самостојна изложба авторот ќе се претстави со повеќе од 30 дела, слики работени во комбинирана техника, како и неколку модни инсталации.

Далибор Крстевски е роден во Куманово, во 1984 година. Дипломирал на факултетот за ликовни уметности во 2009 година, во педагошки оддел, сликарска насока, во класата на проф. Рубенс Корубин. Има учествувано на неколку групни изложби. Се занимава и со моден дизајн.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk