Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во салонот на Уметничка галерија Куманово утре со почеток во 20.30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академската сликарка Моника Десоска. Изложбата е насловена „Патување низ непознатото“ и е дел од вонпрограмските активности на галеријата.
Авторката за прв пат излага во Куманово, а станува збор за 15-та по ред самостојна изложба.
„На изложбата ќе бидат прикажани 40 ликовни дела работени во комбинирани техники на лесонит. Инаку Дескоска со самостојни изложби, освен во Македонија, се претставила и во Србија и Турција. Има учествувано на 22 групни изложби, најчесто во државата но има гостувано и во Хрватска“, изјави Драгана Спасовска,Виш кустос при НУ Музеј – Куманово.
За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 10 октомври 2023 година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk