Самостојна изложба на Зоран Арсовски – Бабата на уметнички фестивал во Котор

21.06.2023 09:03 | Оливера Пешевска

Академскиот сликар Зоран Арсовски – Бабата од Куманово на 23 и 24 јуни ќе одржи самостојна изложба на Меѓународен уметнички фестивал на светлината во Котор, Црна Гора.

Самостојна изложба на Зоран Арсовски – Бабата на уметнички фестивал во Котор

Фестивалот се одржува по шести пат, а се одржува на повеќе локаци во стариот дел на градот Котор.

„Арсовски на публиката ќе се претстави со дела од неговиот најнов опус, изработени во комбинирана техника со која е препознатлив на пошироката јавност. За оригиналниот  стил на Арсовски  веќе години наназад пишува и стручната уметничка фела на историчари и критичари на уметноста, за кое сведочат бројни рецензии за творештвото на Арсовски“, стои во најавата за изложбата.

Фестивалот е предвидено да трае два дена, а секоја вечер преку видео проекции ќе ги презентираат уметничките дела на секој уметник посебно во вид на самостојна изложба и обраќање на уметниците проследено со добра музика и пријатен амбиент, кадешто посетителите во една поинаква атмосфера ќе уживаат во уметничките дела.

Организатори се Градската галерија Котор и Центар за култура “Никола Ѓурковиќ” Котор.

Арсовски на јавноста е познат по бројни концептуални самостојни изложби, а оваа ќе биде негова 15-та самостојна изложба. Исто така има учествувано на повеќе од 60-тина групни изложби, проекти и фестивали, со кои има настапувано на национално и многу повеќе на меѓународно ниво во повеќе држави низ светот. За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи.

Зоран Арсовски – Бабата роден е 1980 година во Куманово, дипломирал во 2005 година и магистрирал 2007 година на Националната ликовна акдемија во Софија,насока - Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk