Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До 18 јуни младите невработени лица до 29 години можат да аплицираат за самовработување со кредитирање.
Направени се измени така што на младите ќе им се одобрат повеќе пари за новоотворено работно место за разлика од претходно. На кредитобарателот му се одобруваат 7.000 евра, а за секое новоотворено работно место наместо 3.000 сега младите добиваат по 4.000 евра. Ќе се финансираат проекти со најмногу 5 вработувања, односно ќе се доделат најмногу 23.000 евра. Целна група се младите, така што и кредитобарателот и луѓето кои ќе се вработат треба да бидат до 29 години.
Рокот за враќање на кредитот е 7 години со вклучен грејс период од година и пол.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk