Шампонџиите на Батко се издадоа

15.07.2010 15:03 | KumanovoNews

По објавувањето на информацијата дека непознати сторители  во градската фонтана  истуриле шампон, поради што Батко Ѓорѓија се капе во пена, сторителите се открија сами. 

Шампонџиите на Батко се издадоа

Двајца студенти и нивните пријатели, кои ја загадиле водата минатата недела во доцните часови пред очите на повеќе присутни на Градскиот плоштад, за своето „убаво„ дело се пофалиле и на фејсбук.

Имено на профилот на едниот од нив, другар му го објавил текстот од Кумановоњус и му напишал:

Читај бе, море и на вести почна да ве има.  

Хаааха, добро си е бе - радосно одговорил шампонџијата.

Академските граѓани наместо да се срамат се фалат со сторениот вандализам.

По истурањето на сретството во водата екипите на ЈП „Водовод“ го исчистија базенот и сега Батко пак се капе, но во чиста вода. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk