Саниран дефектот на главниот доводен цевковод во Липково

09.10.2024 14:10 | KumanovoNews

Отстранет е дефектот на главниот доводен челичен водоводен вод Ф/508, во село Липково, кој води до Филтер Станицата во Куманово.

Саниран дефектот на главниот доводен цевковод во Липково

Екипи на ЈП „Водовод“ Куманово успејале да го санираат дефектот без да го прекинат водоснабдувањето кон Куманово и приградските населби. 

„Самиот дефект е на позиција каде претходно нелегално било изведено приклучување на самиот водоводен вод. Водоснабдувањето во Куманово воопшто не беше нарушено. Од страна на ЈП „Водовод“ Куманово се апелира да не се пристапува кон вакви и слични нелегални приклучувања, бидејќи во спротивно може да дојде до поголема хаварија поради што жителите на Куманово и околните населени места може да се соочат со неколкудневен прекин на водоснабдување“, соопштуваат од ЈП Водовод Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk