Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Асфалтирани се оштетувањата на тротоарите на улицата Народна револуција покрај Соколанскиот парк. Од Општина Куманово потврдуваат дека се санирани и проодни тротоарите.
„Компанијата Македонски телеком ги санираше тротоарите на Народна револуција, но има обврска да ги поправи и врати во првобитната положба и пресекот на улицата. Во овој период ќе продолжиме и со асфалтирање на тротоарите на улицата Бајрам Шабани. Секторот за комунални работи спроведува редовни активности според програмата и санираме секаде каде е интервенирано, но и онаму каде е однапред планирано“, изјави Момчило Јовановски, од Секторот за комунални работи.
Улицата Народна револуција беше раскопана од страна на ЈП Куманово-гас, поради проширување на гасоводната мрежа. Но,на веќе руинираните улица се извршија и градежни интервенции и поставување на нова инсталација и на други фирми. Подоцна, коловозот беше асфалтиран, но не и тротоарите. Сега се уште стојат раскопани и има дупки на повеќе места меѓу коловозот и рабниците на тротоарот.
Оваа сообраќајница е доста фреквентна, води до средното училиште Наце Буѓони, интернатот, до градските гробишта, го поврзува и селото Пчиња и околината со градот. Граѓаните често реагираа до медиумите, но не очекуваа брзо и ефикасно разрешување на проблематичните сообраќајни точки.
Според законот, секој кој изведува градежни зафати или интервенции на јавни прометни површини по завршување на работата мора да ги врати во првобитната состојба.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk