Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сања Давидовиќ е именувана за нова вршителка на должност директорка на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.
По професија е дипломиран етнолог, а повеќе од десет години работи како стручен соработник за култура и културно наследство во Фондацијата. Од 27 јуни официјално ја презеде функцијата в.д. директорка.
„Со оглед на тоа што долги години сум дел од институцијата, многу добро ја познавам работата и ќе продолжам со истиот интензитет како и моите претходници во организацијата на настани и фестивали. Заедно со колегите ќе реализираме и нови проекти со цел да се збогати културниот живот во Општината,“ изјави Давидовиќ.
Таа ја наследува функцијата од Марио Арангеловски, на кој му заврши мандатот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk