Санкции за кумановец, вршел превоз на стока без лиценца

01.11.2024 20:19 | KumanovoNews

Во близина на касарната во Куманово, денеска напладне полициски службеници извршиле контрола на товарно моторно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од В.М.(26) од Куманово.

Санкции за кумановец, вршел превоз на стока без лиценца

„При контролата било утврдено дека возачот врши превоз на стока без лиценца и извод од лиценца. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоба по член 96 став 1 и став 5 во висина од 2.500 евра за правно лице и 750 евра за одговорно лице во правно лице и по чл.62.ст.1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 1.000 евра“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk